Интерен оглас број 6 / 2018

Дали е огласот завршен: 
Огласот е завршен
Рок на пријавување: 
Среда, Октомври 3, 2018

Врз основа на член 11,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018) Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ 6/2018

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ  СЛУЖБЕНИЦИ

 

Се распишува интерен оглас за унапредување на административни службеници  за следниве работни места:

 

1. Шифра: УПР 01 01 В01 000

Звање и назив на работното место – Советник за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и меѓуинституционална соработка, во Одделението за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија

Назив на сектор: Секторот за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор

Број на извршители: 1

 

Посебни услови за работното место:

               - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Организациони науки и управување (менаџмент), Компјутерска техника и информатика или Економски науки

- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;

              Посебни работни компетенции:

             -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),

             -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

           

Општи услови за работното место:

                - да е државјанин на Република Македонија,

                - активно да го користи македонскиот јазик,

                - да е полнолетен,

                - да има општа здравствена способност за работното место

                  - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:

                - да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

                - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

               - да поминал најмалку две години на тековното работно место и

               - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

             Распоред на работно време:

              - неделно работно време: од понеделник до петок;

              - работни часови неделно: 40

               - работно време: со почеток на работно време помеѓу 7.30 и 8.30 часот и завршеток на истото помеѓу 15.30 и 16.30 а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа

              Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 25.023,00

           

2. Шифра: УПР 01 01 В01 000

Звање и назив на работното место – Советник за односи со медиумите, во Одделението за односи со медиумите, координација и организација на информативните активности

Назив на сектор: Секторот за односи со јавноста

Број на извршители: 1

 

 Посебни услови за работното место:

    - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Политички науки, Правни науки или Социологија

   - работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

   - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),

   - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

           

Општи услови за работното место:

                - да е државјанин на Република Македонија,

                - активно да го користи македонскиот јазик,

                - да е полнолетен,

                - да има општа здравствена способност за работното место

                  - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:

                - да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

                - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

               - да поминал најмалку две години на тековното работно место и

               - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

   - неделно работно време: од понеделник до петок;

   - работни часови неделно: 40

   - работно време: со почеток на работно време помеѓу 7.30 и 8.30 часот и завршеток на истото помеѓу 15.30 и 16.30 а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 25.023,00

Потребно е кандидатите да поднесат пријава на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси SCR@gs.gov.mk.

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, да ги достави до Секторот за човечки ресурси.

 

        Кон пријавата кандидатите можат да приложат и:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

 

 Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

 

Пријави се на интерниот оглас >  

Пропратни документи: