Најава за неработен ден на сите граѓани на Република Македонија: 23 октомври 2018 година (вторник), Денот на Македонската револуционерна борба

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),   23 октомври 2018 година (вторник), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.