Изјава на Спасе Додевски, претседател на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост

Во четврток (19.10.2018), со почеток во 12:00 часот, во Свечена Сала на Владата на Република Македонија, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, ќе одржи редовен состанок на којшто ќе биде презентиран Предлог Акциониот план за 2019-та година.

Пред почетокот на состанокот, во 11:45 часот, изјава за медиумите ќе даде претседателот на Националното координативно тело, Спасе Додевски. Потоа снимателите/фотографите ќе имаат можност за снимање инсерти и фотографирање од почетокот на состанокот. 

Календар Влада: 
Петок, Октомври 19, 2018 - 12:00 to Сабота, Октомври 20, 2018 - 12:45