Учество на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Третата меѓународна конференција – Менаџирање и преговори во кризни ситуации предизвикани од насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски, активно учествуваше на Третата ме Третата меѓународна конференција – Менаџирање и преговори во кризни ситуации предизвикани од насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам организирана од страна на Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ Мисијата во Скопје во Охрид во периодот 15-18.10.2018 година.

Главна тема на конференцијата беше профилирање и идентификација на странски терористички борци – повратници. За време на конференцијата презентации имаа домашни и странски експерти, академици и практичари во кои споделија информации за најдобри практики и научени лекции, посебно во справувањето со повратници.

Националниот координатор даде презенатација на тема регионална соработка за идентификување на странски терористички борци. Потенцирано беше дека никоја земја не може да го реши проблемот со странски терористички борци индивидуално бидејќи оваа закана не познава политички граници. Затоа, исклучително важна е константна и напредна регионална соработка, координација и размена на информации. Координаторот потенцираше дека таа соработка треба да зајакнува не само на билатерално ниво, туку и на мултилатерлано ниво посебно со земјите од Западниот Балкан со кои делиме слични закани. Исто така, беше нагласено дека соработката треба да се случува стратешко ниво, како и на оперативно и тактичко ниво. 

Зајакнување на регионалната соработка е еден од главните приоритети на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Затоа, Националниот координатор и замениците постојано работат на подобрување на институционалната соработка со регионалниоте партнери на Република Македонија и отпочнување на заеднички активности во полето на спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот.