Потпишување на договори за нови инвестиции во преносната мрежа на АД МЕПСО

Во вторник (06.11.2018) со почеток во 10:00 часот, во Медија центарот на Владата на Република Македонија ќе се одржи настан на кој ќе се потпишат договори за нови инвестиции во преносната мрежа со која управува АД МЕПСО.

По тој повод свои обраќања ќе имаат Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на АД МЕПСО, Сашо Василевски.

Календар Влада: 
Вторник, Ноември 6, 2018 - 10:00 to 11:00