Брифинг за медиуми на ПВРМ Зоран Заев, заедно со ЗПВРМ Бујар Османи, ЗПВРМ Оливер Спасовски, министерката Рената Дескоска и министерот Дамјан Манчевски

Во вторник (06.11.2018) со почеток во 16:00 во Медија центарот на Владата на Република Македонија, ќе се одржи брифинг за медиуми за реформскиот План 18.

Брифингот за медиуми ќе го предводи претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кои ќе дадат осврт на развојот на реформите според фазите на План 18. 

Календар Влада: 
Tuesday, November 6, 2018 - 16:00 to 18:00