Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување на Република Македонија и на Република Косово

Во среда (07.11.2018) со почеток во 15:00 часот, во Медија центарот на Владата на Република Македонија, Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување на Република Македонија и Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување на Република Косово ќе потпишат меморандум за соработка за зајакнување на соработката во областа на граничното интегрирано управување. 

На настанот, ќе се обратат Националниот координатор за гранично управување на Република Македонија, Владимир Пивоваров и Националниот координатор за гранично управување на Република Косово, Иса Џемајлај.

Календар Влада: 
Среда, Ноември 7, 2018 - 15:00 to Четврток, Ноември 8, 2018 - 15:45