Одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик

Во петок (09.11.2019) во 11:00 часот во Медија центарот во Владата на Република Македонија ќе се одбележи Светскиот ден на ромскиот јазик.

На настанот ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Покрај министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски, свои обраќања ќе имаат и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за култура, Асаф Адеми, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Самка Ибраимоски и пратеникот во Собранието на Република Хрватска, Вељко Кајтази. 

По завршување на свечените обраќања, настанот ќе се затвори со изложба на фотографии.

Календар Влада: 
Friday, November 9, 2018 - 11:00 to Saturday, November 10, 2018 - 10:45