Премиерот на Малта Џозеф Мускат во прва официјална посета на Република Македонија

Делегација на Република Малта, предводена од премиерот Џозеф Мускат, во среда (14.11.2018), ќе ја оствари првата официјална посета на Владата на Република Македонија.

Делегацијата, со највисоки државни и воени почести, ќе биде пречекана на платото пред Владата на Република Македонија од страна на премиерот Зоран Заев и владина делегација (во 10:30 часот).

Во рамките на посетата, двајцата премиери, со почеток во 11:40, во Медија центарот на Владата на Република Македонија ќе одржат заедничка прес-конференција.

Календар Влада: 
Среда, Ноември 14, 2018 (Цел ден)