ЈАВЕН КОНКУРС за избор на здружение кое ќе ја обезбедува услуга во Центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори

Институција која огласува: 
Министерство за труд и социјална политика
Рок на пријавување: 
18.11.2018

Врз основа на член 158 и 159 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14,180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/2018) и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07), Министерството за труд и социјална политика, објавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на здружение кое ќе ја обезбедува услуга во Центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, преку Програма за социјална ресоцијализација во терапевтска заедница

1. Општа цел:

Обезбедување на привремено прифаќање и згрижување на лицата кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, спроведување на  ресоцијализација и реинтеграција преку организиран психосоцијален третман во текот на одреден временски период, преку програма и метод на самопочитување и активно вклучување на корисникот во  терапевтската програма, услуги во врска со исхрана, престој и згрижување. 

2. Активности

Центарот за социјална рехабилитација на лица кои  употребуваат односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанци и прокурзори -Терапевтската заедница ги реализира следниве активности во рамките на привременото сместување на корисниците и  задоволување на животните потреби како што сe:

  • обезбедување на просторни услови и нивно опремување за обезбедување на  ресоцијализација  преку програмата за работа со корисниците,
  • интервенции за промена на индивидуалното однесување на корисникот, поврзано со користење на дроги (психоактивни супстанции), а во насока на менување на однесувањето и ставовите кон семејството, личното образование и професионалниот ангажман, со цел за олеснување на индивидуалното одвојување на лицето од терапевтската заедница и успешно реинтегрирање во семејството и општеството
  • структуриран постојан дневен распоред на групни и индивидуални активности, работна терапија, методи, активности и време на траење на секоја поединечна фаза согласно Правилникот за нормативи и стандарди за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори и поблиски услови за начинот на остварување и спроведување на програмата за социјална ресоцијализација во терапевтска заедница.

3. Критериуми за учество

  • Искуство во работа со лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори.
  • Расположливи човечки, просторни и технички ресурси.
  • Да не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава.

4. Потребни документи

  • Пријава.
  • Предлог-проект со детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и период на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс.
  • Регистaрски број и број на решението на здружението, издадено од Министерството за труд и социјална политика.
  • Полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности  во текот на реализација на проектот.
  • Детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и периодот на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс.
  • Детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот.
  • Број на трансакциона сметка на здружението.
  • Список со име и презиме на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот, како и нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство (биографија на лицата).
  • Име и презиме и податоци за контакт на одговорното лице за реализација на проектот.
  • Информации за работното искуство во областа  на социјалната заштита, согласно со барањата и потребите од јавниот конкурс.
  • Изјава дека не добиле финансиски средства за оваа намена од други органи на државната управа.

5. Висина и средства кои се доделуваат и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите

  • Министерството за труд и социјална политика, ќе обезбедува поддршка  за финансирање услугата за ресоцијализација и реинтеграција во износ од  23.000 денари по корисник месечно за најмногу 20 корисници сместени во терапевтска заедница во период од една година, од денот на  склучување на договорот.

6 .  Селекција и избор на најдобриот Проект

  • Селекцијата и изборот ќе се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за доделување  на средства на здруженијата на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07).
  • Ќе се смета за предност доколку се обезбеди соработка со локалната самоуправа на полето на социјалната заштита за оваа категорија на граѓани.

Напомена:  Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.

7.   Рокови за спроведување на постапката

  • Конкурсот трае 5 дена од денот на објавувањето.
  • Крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот во последниот ден на рокот на конкурсот.
  • Комисијата за соработка со здруженијата во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува мислење до министерот.
  • Министерот за труд и социјална политика во рок од 15 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата за соработка со здруженијата, донесува решение за доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за крајниот резултат.
  • Договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на здружението, Министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението за доделување на средствата и пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул.“Даме Груев“ бр.14-Скопје-Комисија за соработка со здруженија, во затворен плик, со назнака за Јавниот конкурс за избор на здружение кое ќе ја обезбедува услугата од вонинституционална социјална заштита – социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори во терапевтска заедница.

Здруженијата кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на тој проект на видно место да стои