Оглас за финансирање на НВО во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите

Институција која огласува: 
Агенција за млади и спорт
Рок на пријавување: 
21.11.2018

Оглас за финансирање на невладините организации во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа. Младинските невладини организации имаат можност да аплицираат со поднесување проект до Агенцијата за млади и спорт заклучно со 21.11.2018 година. Во прилог подоле се документите кои можете да ги симнете и од каде можете целосно да се информирате за огласот.