Учество и обраќања на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, на Виенскиот економски форум

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, утре (19.11.2018) ќе учествуваат и ќе се обратат на 15-тиот Виенски економски форум на кој ќе се отворат теми важни за интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан, преку дигитализација до зголемување на регионална соработка.

Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјалниот работен појадок во организација на Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а потоа ќе има свое обраќање на годинешниот јубилеен 15-ти Виенски економски форум, на панел дискусијата на кој ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Министерот за економија, Крешник Бектеши ќе има свое обраќање на панел дискусијата на кој ќе се обратат министри од Владите на Романија, Словенија, Албанија и Бугарија.​

Календар Влада: 
Понеделник, Ноември 19, 2018 (Цел ден)