Учество на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на регионалниот форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција – Интегрирани политики, инклузивни партнерства“

Во вторник (27.11.2018) со почеток во 9:30 часот, во хотел „Холидеј Ин“, во конференциската сала Милениум I, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе учествува и ќе се обрати на регионалниот форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција - Интегрирани политики, инклузивни партнерства“.

На Форумот свое воведно обраќање ќе има и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. 

Календар Влада: 
Вторник, Ноември 27, 2018 - 09:30 to 10:30