Министерот Бектеши ја додели eдинаесеттата годишна Национална награда за најдобри општествено одговорни практики 2018

„Деловната заедница во Република Македонија станува комплетно свесна дека секоја водечка компанија треба да биде општествено-одговорна.  Прво, затоа што тоа е во интерес на претпријатијата, бидејќи  обезбедува придобивки за компаниите во управувањето со ризикот, заштедите на трошоци, пристапот до капитал, односите со клиенти, управувањето со човечки ресурси и нивната способност за иновации. Потоа, затоа што концептот на општествената одговорност е во интерес на националната економија, создавајќи поодржливи и иновативни компании, но и на економијата на ЕУ - онаму каде што сакаме да бидеме. И трето, општествената одговорност е во интерес на општеството, на заедницата во која живееме, бидејќи нуди збир на вредности врз кои можеме да изградиме покохезивно општество и да ја продолжиме транзицијата кон одржлив економски систем“, рече министерот за економија Крешник Бектеши на единаесеттата традиционална годишна манифестација - Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност (КТООП). 
Годинава за оваа награда на конкурсот беа пријавени 38 проекти, од 25 претпријатија, а радува фактот што бројот на мали и средни претпријатија кои аплицираат со општествено-одговорни проекти се зголемува, па дури и го надминува бројот на големи фирми, така што годинава односот е 13 мали и средни наспрема 12 големи претпријатија, додека според бројот на проекти, големите се во предност (23:15). И оваа година аплицирале 7 новодојдени во друштвото на искусни општествено-одговорни претпријатија, што покажува дека интересот за Националната награда континуирано расте.  
Претседателот на КТООП Александар Николов, во своето излагање истакна: „Секоја година има стабилен број на претпријатија кои првпат аплицираат за Наградата и од нови сектори во стопанството. Тоа покажува дека претпријатијата ги следат позитивните примери од своите конкуренти и се почесто ги применуваат општествено одговорните практики во своето деловно работење. Особено сме задоволни што во категоријата ‘Однос кон вработените’, е констатиран евидентен напредок на поднесените проекти. Во оваа категорија годинава претпријатијата конкурираат со проекти кои пред сè се однесуваат на благосостојбата на вработените“.  
Кус осврт на годинешната награда даде и претставникот на Секторот за ООП при Министерството за економија, д-р Маја Ќурчиева: „Од 25 компании, 12 се големи, што претставува 48% од вкупниот број субјекти, а 13 се МСП (52%), поточно 3 микро, 1 малo и 9 средни. Од вкупно 38 проекти, 23 се на ГП (61%), а 15 на МСП (39%). Притоа, 22 субјекти се од Скопје (88%), а 3 од други градови. За првпат аплицираат 7 компании што претставува 28% од вкупниот број на апликанти. Од 7 дебитанти, 6 се МСП, а 1 е големо претпријатие. Во сите 5 категории конкурираа Рамсторе Македонија и Охридска Банка; во 3 категории Раде Кончар ТЕП, во 2 категории Адора Инженеринг, Шпаркасе Банка и Оне.ВИП“, сумираше Ќурчиева.
Општествено одговорните проекти на ЕВН Македонија (ЕВН волонтира), Шпаркасе банка Македонија  (PET-FRIENDLY банка), Елколект Скопје (Биди супер херој), Пакомак-Скопје (Хокус покус, рециклирањето е во фокус), Адора Инженеринг (Најг

Општествено одговорните проекти на ЕВН Македонија (ЕВН волонтира), Шпаркасе банка Македонија  (PET-FRIENDLY банка), Елколект Скопје (Биди супер херој), Пакомак-Скопје (Хокус покус, рециклирањето е во фокус), Адора Инженеринг (Најголемата внатрешна градина во Европа), Охридска банка АД Скопје (За чист град пазари со нашата Мастеркард), Универзитет „Американ Колеџ“ - Скопје  (Хумантирана акција на уметнички дела), Инетрворкс ДООЕЛ Битола (Чист воздух-здрави деца во Битола) и  НЛБ Банка -Скопје (Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија) годинава се закитија со Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија 2018, во вид на статуетки во петте различни категории. Плакети, пак, добија проектите на ДУНА ДОО (ДУНА Тим), Оне.Вип (Mamforce стандард), Охридска банка (Култура и однесување), ГЕМАК Трејд (Skopje Cocktail Week), ТАВ Македонија (Стимулации за авиокомпании и туроператори на ТАВ Македонија), Евросуровина ПА ДООЕЛ Битола (Општество без отпад), ОКТА АД Скопје (Фиторемедијација на почва измешана со јаглеводороден талог), РАМСТОР Македонија - Скопје (Планирај глобално, делувај локално), Раде Кончар ТЕП (Како да ја згрееш симпатијата), Охридска банка АД скопје (Натпревар за најдобра бизнис идеја „ЧИСТА 10-ка“) и Оне.ВИП Скопје (Интернетот не е само игра...Кликај безбедно).

Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „ЕВН волонтира“ на ЕВН Македонија - Скопје.

олемата внатрешна градина во Европа), Охридска банка АД Скопје (За чист град пазари со нашата Мастеркард), Универзитет „Американ Колеџ“ - Скопје  (Хумантирана акција на уметнички дела), Инетрворкс ДООЕЛ Битола (Чист воздух-здрави деца во Битола) и  НЛБ Банка -Скопје (Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија) годинава се закитија со Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија 2018, во вид на статуетки во петте различни категории. Плакети, пак, добија проектите на ДУНА ДОО (ДУНА Тим), Оне.Вип (Mamforce стандард), Охридска банка (Култура и однесување), ГЕМАК Трејд (Skopje Cocktail Week), ТАВ Македонија (Стимулации за авиокомпании и туроператори на ТАВ Македонија), Евросуровина ПА ДООЕЛ Битола (Општество без отпад), ОКТА АД Скопје (Фиторемедијација на почва измешана со јаглеводороден талог), РАМСТОР Македонија - Скопје (Планирај глобално, делувај локално), Раде Кончар ТЕП (Како да ја згрееш симпатијата), Охридска банка АД скопје (Натпревар за најдобра бизнис идеја „ЧИСТА 10-ка“) и Оне.ВИП Скопје (Интернетот не е само игра...Кликај безбедно). 