Премиерот Заев ќе се обрати на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски“

Во четврток (29.11.2018) со почеток во 12:00 часот, во Македонскиот народен театар, ќе се одбележи крајот на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски“. Со почеток во 13:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе има свое обраќање на меѓународниот фестивал кој е единствен од овој тип во земјите од Западен Балкан.

На фестивалот свое обраќање ќе има и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Календар Влада: 
Четврток, Ноември 29, 2018 - 12:00 to 14:00