ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Institucion: 
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Рок на пријавување: 
14.01.2019

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следните мерки:

Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 јануари 2019 година.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.

Подигнување на обрасци и упатства:

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ за секоја мерка одделно во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Начин на поднесување на барањето:

Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 заедно со Деловниот план и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2018 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.