Премиерот Заев ќе се обрати на настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во понеделник (03.12.2018) со почеток во 09:00 часот, во свечената сала на Владата на Република Македонија, ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост со тема „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“. 

На настанот ќе се обратат Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и претставник на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

Календар Влада: 
E hënë, Dhjetor 3, 2018 - 09:00 to E martë, Dhjetor 4, 2018 - 09:45