Соопштение за неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, 8 декември 2018 година (сабота)

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2018 година (сабота), ,,Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.