Потпишување на „Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија“

Во среда (05.12.2018), со почеток во 10:15 часот, во Свечената сала на Владата ќе се одржи свеченост за потпишување на „Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија“ како и панел дискусија за подобрување на соработката во унапредувањето на стручните занимања во Македонија.

Меморандумот за соработка во име на Владата ќе го потпишат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како и претставници на проекти кои се спроведуваат со поддршка на УСАИД, УНДП и Швајцарската агенција за соработка.

Пред свеченото потпишување на Меморандумот, свое обраќање ќе имаат вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката Царовска, министерот Адеми, директорот на ФИТР Деспотовски, како и претставници на другите страни потписнички на Меморандумот 

Календар Влада: 
Wednesday, December 5, 2018 - 10:15 to Thursday, December 6, 2018 - 10:45