Учество и обраќање на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на втората јавна дискусија за нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија

Ве известуваме дека во четврток (6.12.2018) со почеток во 12:00 часот, во свечениот амфитеатар 1 во Универзитетот ФОН, премиерот Зоран Заев ќе учествува и ќе се обрати на втората јавна дискусија за нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

Покрај премиерот Заев, говорници ќе бидат и ректорот на Универзитетот ФОН, Нано Ружин и универзитетскиот професор, Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче. 

Во дискусијата ќе учествуваат претставници на академската јавност и студенти.

Календар Влада: 
Четврток, Декември 6, 2018 - 12:00 to 13:30