Учество на ЗПВРМ и МО Радмила Шекеринска и ЗПВРМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи на петтата јавна дискусија за нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија

Во понеделник (10.12.2018) со почеток во 10:00 часот, во амфитеатарот „Арбен Џафери” во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, заменичка на претседателот на Владата на РМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе учествуваат на петтата јавна дискусија за нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

Покрај ЗПВРМ Шекеринска и Османи, говорници кои ќе дадат експертски осврт ќе бидат и универзитетската проф. д-р Беса Арифи и универзитетскиот проф. д-р Блерим Река, додека дискусијата ќе ја отвори и води ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Календар Влада: 
E hënë, Dhjetor 10, 2018 - 10:00 to E martë, Dhjetor 11, 2018 - 11:45