Учество на премиерот Зоран Заев на четвртата јавна дискусија за нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија

Во понеделник (10.11.2018) со почеток во 10:00 часот, во спомен собата „Киро Глигоров” во Штип, Претседателот на Владата на Република Македонија ќе учествува на четвртата јавна дискусија за нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

Покрај премиерот Заев, говорници кои ќе дадат експертски осврт ќе бидат судијката, Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот проф. д-р Ѓорѓи Спасов, додека дискусијата ќе ја отвори и води градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Календар Влада: 
Понеделник, Декември 10, 2018 - 10:00 to Вторник, Декември 11, 2018 - 11:45