Министерот Тевдовски и министерката Царовска на „Форумот на добри компании“

Министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе учествуваат и ќе се обратат на „Форумот на добри компании“, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во партнерство со Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и со ЕУ проектот за поддршка на социјалното претприемништво, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Настанот ќе се одржи во понеделник (10.12.2018) со почеток во 9:30 часот во хотел Мериот, во Скопје.

Календар Влада: 
Monday, December 10, 2018 - 09:30 to Tuesday, December 11, 2018 - 09:45