Учество и обраќање на ЗПВРМ Бујар Османи и МНР Никола Димитров на третата јавна дискусија за нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија

Во петок (07.12.2018) со почеток во 10:00 часот, во амфитеатарот на МАНУ, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе се обратат на третата јавна дискусија за нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

Покрај ЗПВРМ Османи и МНР Димитров, говорници кои ќе дадат експертски осврт ќе бидат и академик, Владо Камбовски и универзитетскиот професор, Светомир Шкариќ, додека отворањето на настaнот и модерацијата на дискусијата ќе биде од академик, Таки Фити.

Календар Влада: 
Friday, December 7, 2018 - 10:00 to Saturday, December 8, 2018 - 11:45