Посета на Светиот Отец, папата Франциск во Република Северна Македонија

Посета на Светиот Отец, папата Франциск во Република Северна Македонија, на 7-ми мај 2019 година во Скопје - родниот град на Света Мајка Тереза.

По официјалниот прием, неговата свеченост, папата Франциск, ќе има средби со претседателот на државата, г. Ѓорге Иванов и со претседателот на Владата на Северна Македонија, г. Зоран Заев, во претседателската палата. Потоа, неговата светост, папата Франциск, ќе има обраќање до властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор во Мозаик салата на претседателската палата.

По настаните во Претседателската палата, светиот отец ќе ја посети спомен-куќата на Св. Мајка Тереза во присуство на верските лидери а подоцна ќе се сретне со сиромашните.

Во програмата за апостолското патување на папата Франциск во Северна Македонија, Светиот Отец предвидено да служи света Литургија на Плоштад Македонија. Подоцна истиот ден ќе присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.

Светиот Отец ќе го заврши своето 29-то апостолско патување попладне на 7-ми мај, одржувајќи средба со свештениците и нивните семејства во катедралата. По оваа средба, тој ќе замине на аеродромот и ќе се врати во Рим.


www.papa.mk

Календар Влада: 
E martë, Maj 7, 2019 - 00:00 to 23:45