Јавен повик бр.01/18 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

Институција која огласува: 
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Рок на пријавување: 
12.01.2019

Врз основа на член 25-б став 1 и став 2 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16) и Одлука бр.17- 10326/8 од 29.11.2018 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н   П О В И К    бр.01/18

за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 3 хектари

 

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Свети Николе, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Штип, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир.

Предмет на постапката од Дел I став 1 на овој jавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

Јавниот повик бр.01/18 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во дневните весници е објавен на ден 12.12.2018 година.

Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници.