Дебата во Владата на Република Македонија за решавање на проблемот со отпадот од линдан во фабриката Охис

Во понеделник (17.12.2018) со почеток во 17:00 часот во Владата на Република Македонија ќе се одржи дебата за изнаоѓање на конечно решение на проблемот со отпадот од пестицидот линдан во поранешната фабрика Охис.

Покрај Премиерот Зоран Заев, воведно обраќање на настанот ќе има и Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

Календар Влада: 
Понеделник, Декември 17, 2018 - 17:00 to Вторник, Декември 18, 2018 - 17:45