110-та седница на Владата на Република Македонија

На дневен ред на денешната 110-та владина седница е Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево” со Акциски план. 

Министрите на седницата ќе одлучуваат по Извештајот за завршени преговори за склучување Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во заштита и спасување од природни и други катастрофи. 

Дел од денешната седница е Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Спогодба за отворање односно реконструкција на гранични премини во Регионот на Преспанското Езеро со Нацрт текст на Спогодба, предложен од Министерството за надворешни работи. 

На предлог на Министерството за економија, пак, Владата ќе ја разгледа Информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија. 
Како материјал за информирање, членовите на Владата ќе ја разгледаат Информација за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година со Финален извештај за самооценување. 

Министрите на 110-та редовна седница ќе одлучуваат и по Информација во врска со реализација на Проектот - Изградба на нов театар на место на Драмски театар во Скопје. 
Почетокот на владината седница е закажан за во 12:00 часот. 

Календар Влада: 
Tuesday, December 18, 2018 (All day)