Министерството за информатичко општество и администрација промовира нов портал за отворени податоци

Согласно заложбите на Владата на Република Македонија за транспарентност во работењето на сите институции, Министерството за информатичко општество и администрација, изработи нов портал за отворени податоци. Порталот ќе биде промовиран на во понеделник (24.12.2018) со почеток во 11:00 часот, во Медија центарот во Владата на Република Македонија.

На настанот ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, амбасадорката на Велика Британија, Н.Е. Рејчел Галовеј, Љупчо Вангелски од Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и Неда Малеска од Центар за управување со промени.

Покрај промоцијата на порталот и податочните сетови објавени од институциите, на настанот ќе се претстават и придобивките од отворањето на податоците, за граѓаните, за бизнис заедницата, медиумите и граѓанскиот сектор. По презентацијата на порталот ќе следи и дискусија.

 

Календар Влада: 
E hënë, Dhjetor 24, 2018 - 11:00 to E martë, Dhjetor 25, 2018 - 11:45