Заедничко соопштение на Владата на Република Македонија и новата пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и колицијата

Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот.

Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од  Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани.

Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓани на Република Северна Македонија.