Македонско-бугарски бизнис форум во Скопје: Се интензивираат бизнис односите помеѓу двете земји

Ве информираме дека на 17 јануари 2019 година, ќе се одржи бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој се организира на иницијатива на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, м-р Томислав Дончев. 

Бизнис форумот ќе се одржи во хотелот Александар Палас, а ќе започне во 10:30 часот, со воведни обраќања на македонскиот и бугарскиот вицепремиер, како и на министерот за економија м-р Крешник Бектеши, заменикот министер за економија на Република Бугарија, Александар Манолев и заменичката министерка за туризам на Република Бугарија, Ирена Георгиева.

Се очекува присуство на претставници на преку 50 компании од Република Бугарија и уште поголем број на претставници на македонски компании на бизнис форумот, кој е прв по потпишување на „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, потпишан помеѓу двете земји во 2017 година.  Компаниите од двете земји ќе имаат можност да остварат меѓусебни средби за време на форумот, со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.

Ги замолуваме претставниците на медиумите, да го резервираат овој датум и време, со цел да го проследат бизнис форумот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Календар Влада: 
Четврток, Јануари 17, 2019 - 00:00 to 23:45