Отворен ден за иницијативи на граѓански организации: „Планот за чист воздух“ за 2019-та година и временска рамка за негово спроведување

Во среда (16.01.2019), со почеток во 10:00 часот во Медија центарот на Владата на Република Македонија ќе се одржи четвртиот од серијата отворени денови за иницијативи на граѓански организации, којшто се однесува на „Планот за чист воздух“ за 2019-та година и временската рамка за спроведување на истиот.  

На отворениот ден воведни обраќања ќе имаат заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, шефот на кабинет на градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумоски, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Ана Чоловиќ Лешоска, од здружението „Еко - свест“.

Календар Влада: 
Среда, Јануари 16, 2019 (Цел ден)