Соопштение за стопирање на интервентните препораки и мерки при надминување на прагот на среднодневните концентрации на РМ10 над 188 μg/m3, почнувајќи од 23 јануари

Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на ден 21.01.2019, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Миладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.

Исто така, Ве информираме дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица. 

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Ден Струмица
20.01.2019 376.21
21.01.2019 199.40

*концентрациите се изразени во μg/m3

 

За градот Струмица остануваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Ја информираме јавноста дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, почнувајќи од 23 јануари се укинуваат следните препораки и мерки:​​​​​​

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

  • Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
  • Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
  • Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. 
  • Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата на Република Македонија:

  • Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
  • Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

  • Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.
  • Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство:

  • Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина:

  • Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А - ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. 

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:

  • Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А - ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.