Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на дебата „Силна економија - шанса за сите“ со граѓаните и компаниите од Велес

Владата на Република Македонија во следниот период започнува со реализација на серија трибини со граѓаните и активности „Силна економија - шанса за сите“ преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

За таа цел, во сабота (26.01.2019) во големата сала на општина Велес во 11:00 часот ќе се одржи првата трибина од оваа серија на активности на којашто граѓаните и претставниците на компаниите од Велес ќе дебатираат со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.  

Трибините со граѓаните „Силна економија - шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.

Календар Влада: 
Сабота, Јануари 26, 2019 (Цел ден)