Средба на владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев со Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон

Во вторник (29.01.2019), со почеток во 09:30 часот во Свечената сала на Владата на Република Македонија ќе се одржи средба на делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

Календар Влада: 
E martë, Janar 29, 2019 - 09:30 to 10:30