Премиерот Заев и владина делегација на потпишување на годишните програми за соработка во областа на културата во Софија, Република Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија во понеделник (04.02.2019). Тие ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Баново.

За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Церемонија на потпишување на „Програмата за соработка во областа на културата“ меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи во прес-конференција во салата на Министерскиот совет, по што двајцата премиери ќе дадат изјави за медиумите.

Календар Влада: 
Monday, February 4, 2019 - 00:00 to 23:45