Соопштение за прекинување на прагот на алармирање во Струмица

Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 29.01.2019., средно-дневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица. Со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.