Премиерот Заев и министерот Сугарески на дебата „Силна економија - шанса за сите“ со граѓаните и компаниите од Охрид

Во петок (01.02.2019) во 12:30 часот во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи трибина со граѓаните „Силна економија - шанса за сите“ на којашто граѓаните и претставниците на компаниите од Охрид ќе дебатираат заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Трибините со граѓаните „Силна економија - шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.

Трибината може да ја следите во живо и на следниов линк: https://youtu.be/H8hAHxiBb1k

 

Календар Влада: 
Петок, Февруари 1, 2019 - 00:00 to 23:45