Министерките Дескоска и Царовска на трибина „Фер општество - шанса за сите“ со граѓаните од Штип

Во сабота (09.02.2019), со почеток во 12:00 часот во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Општина Штип ќе се одржи трибина со граѓаните „Фер општество - шанса за сите“ на којашто граѓаните од Штип и околината ќе дебатираат заедно со министерката за правда, Рената Дескоска и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Трибините со граѓаните „Фер општество-шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.

Трибината може да ја следите на следниов линк: https://youtu.be/fGZP_Vx5jFc

Календар Влада: 
Сабота, Февруари 9, 2019 (Цел ден)