Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ќе потпишат меморандум за соработка.
Потпишувањето на меморандумот ќе се случи во понеделник (11.02.2019), со почеток во 11:00 часот, во Министерството за информатичко општество и администрација.
По потпишувањето на меморандумот, министерот Дамјан Манчевски, министерката Рената Дескоска и проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска ќе дадат изјави за медиумите.