Средба на премиерот Заев со нашите претставници на Европските младински олимписки игри во Сараево, БиХ

Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево денеска премиерот Заев се сретна со Ана Марија Зафировска и Никола Петковски, македонските претставници на овој фестивал.

Обајцата ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“, а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство. 

Премиерот Заев посакувајќи им среќа и успех ја посочи поддршката од сите граѓани на Република Северна Македонија. 

„Успехот во спортот носи голема радост и секако е најголем амбасадор на една земја“, додаде премиерот Заев.