Свечена церемонија по повод подигнување на знамето на НАТО пред Владата

Во вторник (12.02.2019), со почеток во 11:00 часот пред платото на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод подигнување на знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија.

Во склоп на настанот, претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе има свое обраќање пред платото на Владата.

Календар Влада: 
Вторник, Февруари 12, 2019 (Цел ден)