Потпишување меморандум за соработка помеѓу Студентскиот дом Кузман Јосифовски - Питу и АД БЕГ Скопје

Во среда (13.02.2019) во 13:30 часот ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу Студентскиот дом Кузман Јосифовски - Питу и АД БЕГ Скопје. 

Целта на меморандумот е замена на системот на греење на Студентскиот дом од нафта за греење/мазут со приклучување кон системот на централно греење на АД БЕГ Скопје.

Покрај директорите на Студентскиот дом и на АД БЕГ, Дарио Николовски и Димитар Кочовски, на настанот ќе присуствуваат и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Календар Влада: 
E mërkurë, Shkurt 13, 2019 - 13:30 to 14:30