Премиерот Заев ќе ги посети повредените граѓани во 8 Септември и ќе присуствува на комеморативна седница во чест на загинатите граѓани во страотната сообраќајна несреќа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во 10:30 часот ќе ги посети повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи во близина на село Ласкарци, а кои се сместени во болницата 8 Септември.

Потоа, премиерот Заев ќе се упати кон Гостивар каде што во 12:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа којашто ќе се одржи во Општина Гостивар.

Календар Влада: 
E enjte, Shkurt 14, 2019 - 00:00 to 23:45