Владина делегација ќе присуствува на Комеморативна седница во Општина Врапчиште и ќе оддаде почит на загинатите граѓани во тешката сообраќајна несреќа

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска, во 13:30 часот ќе присуствуваат на Комеморативна седница во Општина Врапчиште и ќе оддадат почит на загинатите граѓани во вчерашната тешка и трагична сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

Календар Влада: 
Thursday, February 14, 2019 - 13:30 to 14:30