Премиерите Заев и Ципрас панелисти на дискусијата на Минхенската конференција за безбедност, добитници на главната награда

Една од централните активности на денешната попладневна агенда на годинешната Минхенска конференција за безбедност им е посветена на добитниците на главната награда на конференцијата „Евалд Фон Клајст“, која оваа година им се доделува на премиерите на Република Северна Македонија и Република Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Наградата за особен придонес кон мирот и безбедноста, на двајцата премиери ќе им биде врачена на посебната церемонијална вечера чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија Флориан Херман.

Претходно, во 15 часот, премиерите на Република Северна Македонија и Република Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат главни панелисти на заедничката дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција.

Пренос во живо од оваа дебата на Минхенска конференција за безбедност можете да следите на официјалната страница, на следниот линк:

https://www.securityconference.de/en/activities/munich-security-conferen...

Календар Влада: 
Сабота, Февруари 16, 2019 - 00:00 to 23:45