Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членовите на делегацијата што ја сочинуваат заменичка на претседателот во Владата на РСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Џевад Адеми и член на собраниската комисија за одбрана, како дел од своите активности денеска се сретнаа со претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај.
Двајцата премиери изразија големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразија подготвеност да настојуваат на зацвсртување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања.
На средбата косовскиот премиер Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата.
Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, беше истакнато на средбата и означува момент кој ќе придонесе и мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина.
На разговорот меѓу членовите на делегацијата на Северна Македонија, предводена од премиерот Заев и делегацијата на Косово, предводена од премиерот Харадинај е потврдена и натамошната взаемна поддршка меѓу двете земји и за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните на двете земји.