Финансирање на проекти во областа на здравството, образованието, детската заштита и комуналните дејности

Во среда (20.02.2019) со почеток во 17:30 часот, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе бидат потпишани договори за финансирање на 9 нови проекти поддржани од Владата на Јапонија за подобрување на јавните услуги во областа на здравството, образованието, детската заштита и комуналните дејности.

На настанот ќе се обратат амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.

Календар Влада: 
E mërkurë, Shkurt 20, 2019 - 17:30 to 18:30