Одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

По повод одбележување на 15 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, на 25 февруари (понеделник), во хотел „Холидеј Ин“ со почеток во 15:30 часот, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Лидерство засновано на вредности - од принципи до реализација“.

На оваа панел дискусија која ќе ја предводи министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе присуствуваат истакнати политичари односно поранешни претседатели на држави и влади кои претходно соработувале со претседателот Борис Трајковски, како што се поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месич, поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, поранешнитe претседатели на Република Бугарија, Георги Прванов и Петар Стојанов како и други политичари од регионот и светот.

Календар Влада: 
Понеделник, Февруари 25, 2019 - 15:30 to 17:30