Министрите Шекеринска и Тевдовски на трибина „Фер општество - шанса за сите“ со граѓаните од Битола

Во недела (24.02.2019) со почеток во 12:00 часот, во НУ „Народен Театар“ во Битола ќе се одржи трибина со граѓаните „Фер општество - шанса за сите“ на којашто граѓаните од Битола и од околината ќе дебатираат заедно со Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и со министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Трибините со граѓаните „Фер општество-шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на сите граѓани.

Трибината може да ја следите на следниов линк: https://youtu.be/30wPsdSB3sg

Календар Влада: 
Недела, Февруари 24, 2019 (Цел ден)